June 8, 2023

kliknime.online

твоето место за забава

Прилепчанката Светле од коса го изработи ликот на кралицата на ромската песна Есма Реџепова -Тодосиевска

Познатата фризерка од Прилеп Светлана Зуламоска од коса го изработи ликот на кралицата на ромската песна Есма Реџепова -Тодосиевска.

Вели дека оваа работа ја исполнува и дека секој лик или дело кои ќе ги направи за неа е нов предизвик. Најновиот лик кој го наслика од коса е карлицата на ромската музика Есма.

„Чест е да се слика Есма бидјќи таа жена е гордост што ја имавме и нема некој кој не ги знае нејзините песни и нема некој кој не заиграл на нејзината музика. Јас ја сакам музиката, ја сакам уметноста и сакам да сликам се што ме инспирира. Есма за мене беше вистинска инспирација“

Пред десетина дена ја слушав песната Свадба Македонска во изведба на Есма и постојано си ја потпевнував.Го чекав моментот да најдам неколку часа време и да ја насликам во мој стил.Есма го украси мојот салон.Нејзините деца ми изразија благодарност и тоа ми направи особена чест-изјави Светлана Зуламоска Гроздановска