October 5, 2022

kliknime.online

твоето место за забава

УЖАС ВО ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ.РАЗРЕШЕН ДИРЕКТОРОТ НА ЗООЛОШКА ОТИ ЗАКЛА 10 КОЊИ,А ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР ЃОРГИ ГАЛЕТАНОВСКИ Е ЗГРОЗЕН ОД ОВОЈ НЕХУМАН ОДНОС!

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го разреши директорот на Зоолошката градина Кристијан Стаменов заради колењето на 10 коњи. Од кабинетот на Арсовска велат дека Стаменов е разрешен по веста што денес ја потресе јавноста и се оградуваат од индивидуално преземените дејствија на директорот.

„Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука преземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува“, се вели во сооптението од Град Скопје.

Директорот на Зоолошката градина Кристијан Стаменов,кажа дека 16 коњи добиле од Агенцијата за запленет имот, при акции за фаќање дрвокрадци и шверцери, но десет од нив биле многу болни и затоа било решено тие да бидат заклани. Постапката, вели тој, е согласно законите и правилата за третман на животни, а известена е и Агенцијата за храна и ветеринарство.

По сево ова се поставива прашањето-дали и доколку биле болни коњите смеат да се дадат како храна на здрави животни и дали не постоел друг начин како на пример еутаназија…

Поранешниот директор Ѓорги Галетановски на својот фб профил остро го искритикува гестот на Стаменов и го напиша ова

Галетановски додека беше директор на Зоолошката градина ја подигна Зоо на повисоко ниво,направи и диносаурус парк за најмалите и се грижеше за благосостојбата за животните.Очигледно Данела згреши што го постави Стаменов за директор.