Топ-тема во српските медиуми неодамна беа брачните другари Весна и Џоле од денс-дуото „Џогани“, откако беше објавено скандалозно видео на кое популарниот музичар, пејач и танчар се бакнува со друга жена.
Весна го премолча наводното неверство на сопругот, а дел од медиумите повторно ја актуелизираа нејзината тешка животна приказна.


Весна Тривиќ Џогани е родена на 15 септември 1982 година во Белград. Кога нејзината мајка Сретена останала бремена, таткото не сакал да го прифати детето, па таа била принудена да го даде во Дом за деца без родители. Наскоро била посвоена од млада брачна двојка. И покрај се’, Весна имала среќно детство и останала во контакт со својата биолошка мајка.
Романсата со Џоле датира од 2002 година, а славната двојка има две деца, синот Адриан и ќерката Лаура. Од првиот брак, Џоле има уште две деца, ќерките Силвија и Маринела.
Во музичкиот бизнис почнала да се пробива како тинејџерка, прво како танчарка во студиото за танц кое било под менторство на Џоле Џогани и неговата тогашна сопруга Слаѓа Делибашиќ. Кога Џогани се развеле и одлучиле да продолжат самостојно, Весна останала во групата на Џоле. Сосема случајно, во 2001 година била назначена за главен женски вокал во бендот, а останатото веќе ви е познато.
повеќе приказни
И по 30 години кариера нема проблем да позира во кocтим за капење – македонската пејачка како да испила еликсир за младост.Се вози на јахта а друштво и прави згоден маж.
Лила Филиповска заигра со невестата и направи лом на свадбата – ПОГЛЕДНЕТЕ ја и свекрвата, гостите ги воодушеви кога запеа!
По нарушеното здравје за кое искрено прозборе, водителот Ненад сега пак живее во полни гради, еве каде ужива со семејството