August 18, 2022

kliknime.online

твоето место за забава

Беше борец на терен, сега се бори за своето дете: Будимир проговори за синот со попреченост

Пред две децении со Кометал Ѓорче Петров испиша историја во Лигата на шампионите, а сега испиша една поинаква историја како селектор на машка репрезентација.

Ракометарката Андријана Будимир со години беше борец на терен, а денеска води и една поинаква, лична борба за својот син, но и за сите други родители кои имаат деца со попреченост.

Будимир вели дека физичката активност им помага на децата со аутизам полесно да се вклучат во наставата и да комуницираат.

За предизвиците со кои секојдневно се соочува, раскажа во видеото објавено на фејсбук-страната на Општина Карпош.

„Кога некој има роденден, освен што носат крем бананчиња за сите деца, носат и банана за мојот син, за да знае дека и тој е дел од роденденот“, емотивно раскажува таа.

Будимир која регионалните медиуми се’ уште ја пишуваат како поранешна девојка на Тоше Проески, во 2013 година се омажи за угостителот Јохан Филиповски. Плод на нивната љубов е токму синот Максим.