August 18, 2022

kliknime.online

твоето место за забава

8 работи што новите родители се колнат дека ќе ги избегнуваат, но сепак ги прават, низ илустрации

Многу нови родители се убедени дека нивното дете нема ни да допре смартфон сè додека не тргне на училиште, но набрзо сфаќаат дека одвреме-навреме нема ништо лошо во тоа да му го одвлечат вниманието со игра додека да завршат со некоја обврска.

За разлика од оние кои имаат по неколку деца, паровите кои го очекуваат првото дете неретко не се ни свесни како изгледа грижата за бебе.

Поради ова, имаат нереалистични очекувања и од себе, и од нивното дете.

Незнаењето, пак, ги тера да се колнат дека ќе избегнуваат одредени работи при грижата за нивното дете, но со текот на времето сфаќаат дека мора да бидат пореалистични.

Па, почнуваат да го менуваат нивниот пристап и да ги прават работите кои биле сигурни дека ќе ги избегнат.

Во продолжение неколку забавни илустрации што одлично го прикажуваат ова:

Сигурни се дека детето ќе спие само во неговото креветче

Убедени се дека нема да му дозволат на детето да се забавува со смартфон додека не тргне на училиште

Многу мајки сакаат да го дојат бебето што е можно подолго, но забораваат да ги земат предвид предизвиците кои доаѓаат со доењето. Па, нормално е да престанат со доење малку порано отколку што планирале

На почетокот сите нови родители мислат дека нема да му попуштаат на детето за сè, дури и ако вика на цел глас

Многу мајки сакаат да дојат, но некогаш се соочуваат со проблеми кои не им го дозволуваат тоа

Родителите се сигурни дека нивното дете апсолутно никогаш нема да касне ни залак нездрава храна

Сите нови родители се надеваат дека ќе имаат време и енергија за повеќето работи што ги правеле пред да им се роди детето

Сигурни се дека нивното дете ќе биде независно и нема да сака постојано да бидат со него