October 5, 2022

kliknime.online

твоето место за забава

Татко го прегазил својот двегодишен син додека го паркирал автомобилот- страшна трагедија во Хрватска

Двегодишно дете денeска загина во страшната трагедија што се случи во местото Руновиќи кај Имотски во Хрватска. Детето било прегазено со автомобил и починало од здобиените повреди во болницата во Имотски.

Според првичните информации што ги објавија хрватските медиуми, се работи за несреќен случај во кој таткото додека го препаркирал автомобилот не го забележал и го прегазил детето кое си играло во дворот.

Според весникот Dalmacija Danas, се работи за странски државјани кои биле на одмор во Хрватска во селото во близина на Имотски. Тие биле долгогодишни гости во Имотска Краина и секоја година доаѓале на одмор во Хрватска.