October 5, 2022

kliknime.online

твоето место за забава

По нарушеното здравје за кое искрено прозборе, водителот Ненад сега пак живее во полни гради, еве каде ужива со семејството

Ненад Ѓорѓиевски е еден од нашите најпознати водители, кој е дел од утринската прграма на ТВ Телма. Инаку, Ненад е еден од нашите најпознати радио и ТВ водители. Го гледавме на разни телевизии во многу проекти како „Во сабота попладне“, потоа „Нешто се крчка“, Македонски Идол.

Неговиот глас им е познат на слушателите на радио Фортуна, на Македонското радио и на Хит радио каде штп има пречекано разни гости од светоот на естрадата.

Ненад Ѓорѓиевски и неговата сопруга Горана по седум ипол години во брак, се остварија во улогата на родители, и тоа на близнаци, машко и девојче. Нивниот свет сега се врти околу близнаците Љупка и Иво кои имаат речиси седум години.

-Пред “Утринска на Телма“, последен проект ми беше ТВ шоуто “Нешто се крчка”. Истото заврши пред три години. Во меѓувреме, бев посветен на мојата продукција, работев на видео и аудио реклами и презентации.

Кога започна пандемијата, со сопругата одлучивме да пројдеме подолго време во нашата викендица, па таму буквално живеевме година и половина. Од таму работевме, таму реализирав и снимања на одредени видео презентации.

И одлично ми дојде паузата од хаосот во метрополата. Куќичка покрај река, доволно време за хоби, ги преполнив батериите“, рекол Ненад во Женски магазин.

„Телма“ е телевизија во која се ангажирани врвни професионалци, секој одличен во својата област.

Многу важно за мене, а го почувствував уште на првите состаноци кога се подготвуваше утринската е позитивната енергија која владее и одличната комуникација која ја имаме сите водители меѓусебно.

Она во што сум сигурен е дека таа енергија ќе се пренесе и на многу гледачи на “Утринска на Телма“. Нудиме убави теми, корисни муабети и совети. Концепт кој меѓудругото ќе одвои простор и за здрав начин на живот, спорт, култура, екологија.

Впрочем да не објаснувам опширно, следете нè секој работен ден на Телма во 6.55 часот. Станување рано?

Откако сум татко на близнаци, веќе шеста година во моето семејство утрата започнуваат во 6 часот наутро, без оглед дали е работен ден или викенд.

Она што ме прави особено горд како родител, е што буквално сами со сопругата се грижиме за нашите близнаци. За жал, нашите мајки се упкоени, па моравме како знаеме и умееме да се снаоѓаме.

Напорно и доста често хаотично беше додека беа помали, сега е сè полесно. Олеснителна околност е што Горана има флексибилно работно време, па најчесто нејзина обврска се училишните активности на близнаците. Љупка и Иво на 30 ноември ќе наполнат седум години и ќе бидат второ одделение“, рекол тој.

Познатиот водител, искрено раскажа дека имал сериозни проблеми со здравето, појавувајќи се во една ТВ реклама.

– До пред една-две години, мојот живот беше многу активен. Секојдневно уживав во храна, имав многу енергија и добар имунитет. Но, во текот на последниве неколку години, почнав да се чувствувам послабо.

Ми се јавија проблеми со некои видови храна, интолерантности, и други состојби кои како да почнаа да ми црпат енергијата и концентрацијата. Почнав да се чувствувам како да стареам пред време.

Така беше се додека не почнав да го користам..“, вели Ненад мислејќи на производот што го рекламира.

-Со него сега повторно си ги вратив имунутетот и здравјето на вистински пат. Имам добра енергија и се чувствувам витално како пред десетина години“, рече Ненад.

Тој сега ужива на море во Грција, со својата фамилија, а ова го покажува сториото кое ја објавил својата ќерка рано наутро на плажа, но таа го шета нивниот миленик.

По проблемите со здравјето, за кои прозборе, тој сега ужива со семејството и го живее животот со полни гради.