October 5, 2022

kliknime.online

твоето место за забава

ОД 1 СЕПТЕМВРИ: Македонија воведува мерки за штедење на струја, еве што опфаќаат

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат санкции.

Препораките и мерките за штедење на струја ќе важат од 1 септември годинава до 30 март следната година.

Бојлерот вклучувајте го само по потреба, користете го сонцето колку може повеќе за затоплување на домот, а гралките користете ги  разумно. Ова се дел од препораките за штедење на енергија од 15 отсто за домаќинствата.

Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, во сезона на ладење климите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се исклучуваат компјутерите по работата, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела и клима уредите, да се принтаат само потребните материјали, да се заменат прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од препораките за државните институции.

Во делот на јавните патишта треба да се намали осветлувањето до минимален сигурносен обем на осветлување улици, плоштади и други објекти. 

Вклучување на болјер само кога таа е потреба и по можност во ниска тарифа, готвење во помали садови и туширање со тенок млаз на вода, се дел од препораките за домаќинствата на Владата за следната грејна сезона кои се усвоени на денешната седница.

Што се однесува за домакинствата Владата со препораки за штедење на струја и вода.

Не сушете алишта на грејните тела, грејте се на сонце“, дел од препораките на Владата за заштеда на струја

Препораките за домаќинствата се:

– Користете го бојлерот за подготовка на топла вода само кога таа ви е потребна и тоа по можност во ниска тарифа на електрична енергија (ефтина струја), без притоа да се наруши квалитетот на живеење. Не го поставувајте термостатот на бојлерот за топла вода до максимум. Колку е температурата на водата повисока, толку е и топлинската загуба кон околината повисока.
– Избегнувајте позиционирање (вклучување) на ладилникот на (нај)ниски температури.
– Користете ги разумно грејните тела во вашиот дом.
– Во текот на денот користете го што е можно повеќе сонцето за осветлување како и за загревање на просторот во грејната сезона, додека во текот на ноќта во грејна сезона спуштајте ги ролетните и завесите.
– Во текот на денот во летна сезона спуштајте ги ролетните и завесите.
– Не ги блокирајте и не ги покривајте грејните тела со мебел или завеси.

Не користете осветлување на внатрешните простории кога има доволно дневна светлина.
– Во сезона на ладење подесете ја температурата на климатизерите не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени

– Доколку е возможно инсталирајте на колекторски системи за загревање на вода или загревајте вода на сонце.
– Користете скали наместо лифт доколку е соодветно за да се намали потрошувачката на енергија,
– Користете го клима уредот кога навистина е потребен и температурата прилагодете ја на разумно ниво.
– Кратко и интензивно проветрувајте ги просториите .
– Доколку имате финансиски средства на располагање, подобрете ја енергетската ефикасност преку промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирајте во фотоволтаични системи.
– Полнење на батериите на електричните тротинети во ниска тарифа на електрична енергија (ефтина струја)

​Користете ја машината за миење садови секогаш полна на ниска тарифа на електрична енергија.

-​Машината за перење алишта користете ја секогаш кога е полна и во време на ниска тарифа на електрична енергија.

-​Исклучувајте ги светилките во просториите во период кога подолго време ​не престојувате во нив.

-​Исклучувајте го компјутерот по завршувањето на работата со него.