Актерката Тери Хачер која се прослави по улогата во серијата „Очајни домаќинки“ пред неколку години ги шокира сите откако призна дека како девојче континуирано била злоставувана од својот вујко.
Нејзината тешка животна приказна ја сподели дури кога наполни 41 година, симболично на Меѓународниот ден на борба против насилството врз жените.

„Се обвинував себе за тоа што ми се случило, па никому не кажував. Имав само седум години. Размислував дали сум нормална, дали можеби измислувам? На жртвите им е полесно да веруваат дека тоа е плод на нивната фантазија, отколку да се соочат со вистината“, раскажа таа.
Мислела дека силувањето ќе остане тајна која ќе ја однесе в гроб, но чашата се прелила кога до неа стигнала информација дека нејзиниот вујко Ричард Хајс Стоун бил обвинет за злоставување и на други две девојчиња од кои едната во тинејџерските години не можела да се носи со траумата и се самоубила.
Скандалот избил кога Сара Ван Климпут пред да посегне по сопствениот живот оставила порака во која пишувало: „Сигурно се прашувате зошто една нормална тинејџерка го направи ова. Па, прашајте го чичко Ричард“.
Ричард Хајс Стоун умре во затворот каде ја отслужуваше својата 14-годишна казна. Почина по шест години поминати зад решетки.
Актерката Тери Хачер денес гласно зборува на оваа исклучително чувствителна тема. Во меѓувреме основа и нејзина фондација која им помага на жените-жртви на сексуално злоставување.
Фото: Принтскрин Јутјуб
повеќе приказни
Марија Пијанманов за Миа и за Лазаpов кажа дека cе пpocjaци- Миа ѝ возврати на овој начин,па доби смртни закани од Плевнеш
„Немав ништо, бев сама“ – рече најхрабрата тинејџерката спасена по 248 часа во Турција
Како фотографија од хирург што оперирал 23 часа го променил светот