„Сега имам 24 години, а на мои 4 години, одејќи во градинка на предучилишна возраст по извесно време, се враќам дома и одеднаш почнувам да зборувам многу чудно. Моите се разбира дека биле загрижени, но мислеле дека е моментално и не е нешто сериозно, но не беше така…“, ја започнува својата приказна Јован Илиески (24) кој живее во Тетово и сака да им помогне и на други кои се соочуваат со пелтечење.
Јован Илиески (24), кој живее во Тетово, е писател, психолог и иден гешталт психотерапевт, но и момче кое отворено говори за својата борба со пелтечењето.
Тој во емотивна исповед на Инстаграм раскажа кога за првпат почнал да пелтечи, како тоа му влијаело во текот на животот, но и како си ја подобрил состојбата.
Пелтечењето претставува пореметување на говорот, односно на нормалниот тек на говорот кој често е прекинат со повторување или продолжување на зборовите и речениците.
Јован смета дека на оваа тема треба многу да се зборува, а гледа дека никој не зборува. Па, затоа одлучил да говори тој од неговото лично искуство и од годините работа со логопед и со психотерапевт.
Неговата исповед, за која се надева дека ќе им помогне и на други луѓе:
„Сега имам 24 години, а на мои 4 години, одејќи во градинка на предучилишна возраст, по извесно време, се враќам дома и одеднаш почнувам да зборувам многу чудно.
Моите се разбира дека биле загрижени, но мислеле дека е моментално и не е нешто сериозно. Денес го гледам како емотивна траума која што го зафатила мојот говор и како последица на тоа, цел живот пелтечам.
Тоа е резултат на траума која што е предизвикана во детство. Ми требаше години и години за да сфатам што ми се случува и зошто баш јас, зошто не можам да говорам совршено како другите.
Потоа, на таа траума се надоврзува социјалната анксиозност, стравот од неприфаќање, дали ќе ме сакаат ваков, дали ќе ме прифатат ваков.
Логопедот ме усмери да можам на некаков начин да живеам со тоа, да не се срамам од тоа, како и што ме научи на многу техники на говорење.
Денес има многу луѓе кои што се плашат да зборуваат на оваа тема, ограничени се, домашните не се заинтересирани во тоа да преземат нешто. Особено зборувам за помладите, малолетните, на коишто им треба поддршка од дома.
Во суштина, тоа е едно од посериозните нешта со кои што сум се соочил во мојот живот. Мојот начин на говорење се покажа во текот на развојот да ми е пречка во многу нешта, кои пак, не беа пречка за другите мои врсници.
Само тие кои што поминале низ ова, знаат што значи да се бориш секојдневно за своето место, во тоа одделение, во тоа училиште, во одредени друштва, во таа средина.
Има и многу врсничко насилство, булинг, на оваа тема за кој што ретко некој зборува и не е сфатено сериозно.
И колку само емотивниот свет на жртвата се менува и како таа почнува да го гледа светот низ нејзиниот хендикеп.
Пелтечењето е следено со анксиозност и други невротични состојби, затоа и мора да се третира како и со логопед, така и со психотерапевт.
Во текот на мојот развој сум имал мигови кога сум имал нешто вредно да споделам, ама не сум го правел тоа, затоа што сум мислел дека нема да сум сфатен сериозно само затоа што пелтечам, нема да бидам разбран од другите, туку само ќе бидам исмеан, но денес повеќе не е така.“
Доколку сакате да ги слушнете мотивационите говори на Јован посетете го инстаграмотна Јован.Тој на инстаграм говори за неговото искуство и за тоа како да ги надминете лошите работи што доаѓаат во пакет со пелтечењето


повеќе приказни
Марија Пијанманов за Миа и за Лазаpов кажа дека cе пpocjaци- Миа ѝ возврати на овој начин,па доби смртни закани од Плевнеш
„Немав ништо, бев сама“ – рече најхрабрата тинејџерката спасена по 248 часа во Турција
Велешките пожарникари кој помагаа да извлечат живи луѓе од урнатините се вратија од Турција