

На 26.08.2022 во 15.30 часот било пријавено дека на локален пат во с.Саса, Македонска Каменица, С.Ѓ. (58) од Македонска Каменица изгубил контрола врз трактор “имт“ со приколка што го управувал и излетал во река.
При тоа Д.А: (52), кој се превезувал на тракторот скокнал од него и останал неповреден, но малолетно лице кое исто така се превезувало на тракторот, паднало и било прегазено од тракторот, по што починало.

И возачот на тракторот се здобил со повреди констатирани во Медицинскиот центар во Штип. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево.
повеќе приказни
Страшен ужас попладнево: Зоран (61) до смрт ја избоде Драгана (55) пред очите на нивните деца
СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Мајка и ќерка загинаа, таткото и синот се борат за живот по страшна несреќа во Босна и Херцеговина
ВОЗАЧОТ СКОКНАЛ: Детали за трагедијата која ја зави Македонска Каменица во црно