September 30, 2023

kliknime.online

твоето место за забава

Зошто супермаркетите немаат прозор

Можеби сте забележале дека во супермаркетите нема прозорци, освен големите излози. Внатре речиси нема природна светлина. Зошто е така?

Станува збор за психологија за пазарење. Сопствениците на супермаркетите се обидуваат да создадат околина во која луѓето ќе се чувствуваат удобно во трошењето време и пари. Затоа многу супермаркети имаат подови со плочки, поради што количките прават голема врева, а тоа ги принудува потрошувачите инстинктивно да забават и повеќе да разгледуваат. Од друга страна, многу супермаркети пуштаат брза музика кога има многу потрошувачи за да ги забрзаат посетителите.


Фото: Pixabay

Кога станува збор за прозорците, супермаркетите сакаат нивните потрошувачи да немаат увид во временските услови за да останат да пазарат подолго.

Секако, постојат и практични причини за оваа практика. Големите прозорци пуштаат сончева светлина, а тоа може да го оштети пакувањето на производите. Освен тоа, со прозорците би се намалил просторот за полици.

Можеби оваа практика ќе стане дел од минатото бидејќи супермаркетите „Алди“ експериментирале со маркети во Германија во кои има повеќе природна светлина, но било потребно обложување на пакувањата за да се спречи оштетувањето.