September 30, 2023

kliknime.online

твоето место за забава

Тамара Тодевска се разведува.Никој не го очекуваше ова од неа.

Деновиве низ чаршијата а и низ електронските медиуми на големо одекна веста дека пејачката Тамара Тодевска се разведува.

Што е причината за разводот се уште не е позната но Тамара очигледно ја преџвакала одлуката и разводот е во тек.

Тимот на Убавина и здравје стапи во контакт со Тодевска, која во куса изјава ја потврди информацијата.

– Да, точно е дека се разделуваме, но апсолутно дека ќе одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко. Ова не е ниту прв ниту последен случај. Тоа што за мене искрено е многу важно, тоа се децата, нивните права и интереси да останат заштитени. Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на децата, кои сакам да останат на страна од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично. И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив, вели Тодевска.

фото,инстаграм


На прашањето како се носи периодов со обврските, дали ќе паузира со настапите и слично, таа изјави:
– Секако дека продолжувам со работа. Учествував на Макфест, периодов ја промовирам мојата нова песна „Замижи“, а работам и на други песни и проекти. Животот продолжува, работата исто така, а мојов не е ниту прв ниту последен случај. Само ќе ги замолам веб-порталите, медиумските работници, кога ќе „трчаат“ по кликови и бом бастични наслови, да имаат чувство на одговорност особено пред децата… Јас сум издржала и позитивен и негативен притисок, ќе го издржам и ова, но децата мора да бидат заштитени, посочува Тамара.

извор;Убавина и здравје