June 8, 2023

kliknime.online

твоето место за забава

„Немав ништо, бев сама“ – рече најхрабрата тинејџерката спасена по 248 часа во Турција

Храброста на оваа млада 17 годишна девојка ги изненади сите.Без вода без храна таа сепак рекла дека се чувствува добро.

Здравствената состојба на 17-годишната Алејна Олмез, која беше спасена од под урнатините во Турција 248 часа по разорните земјотреси, ги изненади лекарите, јавува новинската агенција „Анадолија“.

По првиот преглед во Универзитетската болница „Сутџу Имам“ во Кахраманмараш, Алејна била префрлена во Анкара.

Новинарите ја прашаа Алејна за нејзиното здравје.

„Добро сум, благодарам“, одговорила кусо 17-годишната девојка.Надежта и елбата за живот не ја напуштила во ниеден момент оваа девојка.

На прашањето што се случувало под урнатините, Алејна рече: „Немав ништо, бев сама.“

Лекарот Џенгиз Дилбер рече дека е неверојатно што Алејна се наоѓа во толку добра здравствена состојба со оглед на тоа што била под урнатините 248 часа.

Седумнаесетгодишната Алејна Олмез беше спасена од урнатините во населбата Кајабаси во Кахраманмараш по 248 часа поминати под урнатините.