June 8, 2023

kliknime.online

твоето место за забава

Лекциите животот ќе ви ги даде кога ќе останете сами

Ништо не се случува случајно. Работите кои во вашиот живот изгледаат како случајни, всушност служат да разберете, колку и да планирате во животот, секогаш ќе постои еден простор кој не можете да го испланирате, бидејќи не можете до крај да ги разберете сите причини и последици кои ви се случуваат. Тука се за да сфатите дека не постои еден готов модел и рецепт по кој можете и морате да живеете бидејќи секоја единка во овој свет е нешто неповторливо во околностите во кои ќе се појави.

На никој не му должите објаснувања и оправдувања за својот живот. На никој не му должите објаснување зошто сакате да се развивате како личност, зошто барате другите да ве почитуваат, зошто на своите приоритети му го давате сето потребно внимание и време, зошто ви е важно какви се луѓето во вашата близина како и многу други работи. Тоа е се’ ваше право како и одлука со која ќе ги поделите оние свои најинтимни работи. Тоа е ваш став, бидејќи не сакате да му дозволите на некој она, што ви е најсвето да го згази и да ви се смее за тоа. Сфативте како функционира животот и од сега на свој начин ќе ги правите работите

Не го трошете животот на луѓе кои тоа не го заслужуваат. Не го трошете животот на некои луѓе, бидејќи вашите заеднички денови беа повеќе лекција отколку збир на убави спомени. Не го трошете животот на оние кои од вас бараат да се откажете од своите верувања за да се прилагодите на нивните.

Не го трошете животот, ниту зборовите, ниту вниманието на оние кои ве ставиле на дното на листата на своите приоритети додека вие сте ги ставиле на самиот врв.

Нема тие денови добро да завршат. Сакате да жалите за тоа фрлено време?