June 27, 2022

kliknime.online

твоето место за забава

НЕМА НЕВЕРСТВО,САМО НЕМАШЕ ПОВЕЌЕ ЉУБОВ

Ексклузивно интервју со познатата фолк пејачка Ирена Спасовска за разделбата со водителот Орце Гелевски

-Г-ѓа Ирена,низ порталите повторно се врти статија за вас и вашиот бивши партнер Орце.Како реагирате на сево ова и колку има вистина во тоа што Орце изјавил-таа ме изневери а јас оставив жена и деца за неа.
Ирена-Не не е вистина!Навистина е срамота што после 4 години се отвара оваа тема.Порталите нека ме остават на мир бидејки ова не е фер.Не знам дали Орце изјавил така.Изневерување,не секогаш е физичко, може да биде во очекувања , цел живот да бидеме заедно,но јас сум ставила крај на врската,и со тоа се изневерени неговите очекувања.
И не,не се каам бидејки според мене љувовта е “вечна” додека трае.Со текот на годините работите се менуваат и за ништо во животот нема гаранција.Животот не доаѓа ниту со упатство за живеење ниту со гаранција за нешто.Башка тоа што јас бев слободна и никого не изневерив а тој беше иницијатор за врска иако беше во брак.Според тоа, тој изневерил и не ги оставил жената и децата заради мене,туку за себе, за да си направи промена во животот од кој не беше задоволен.Тој најмалку има право да зборува за неверства..или пак ќе речам можеби неговите зборови на порталите се испревртени.


Значи вие категорично велите дека неверство немало од ваша страна?
Ирена-Јас категорично велам -доста ми е од портали и “светци и светици” што коментираат за мене или за други јавни личности а се многу далеку од вистината на нивните коментари..Истите тие живеат во формални бракови само за статус во општеството, без трошка љубов и сек’с.Живеат од итерес за пари и имот, или да не им се разруши комодитетот,или се плашат да останат сами,или заради децата.Изневеруваат на секој чекор а и тие што не изневериле ако им се укаже прилика, веднаш би го направиле тоа во првата прилика.Но тие изигруваат “чесни” а од друга страна се најгласни и ги коментираат и осудуваат другите.А најчудно ми е тоа што откако пред четири години ставив крај на врската со Орце,јас немам помислено на човекот а порталите и луѓето се заморуваат со мене и со минато свршено време. Според пишувањата и коментарите можам да заклучам дека сме навистина несреќна нација во кој глупавите ги навредуваат паметните,неморалните ги етикетираат моралните,се навредуваат пејачи,актери,водители,политичари и сето тоа заради можноста секој да може да даде свое мислење на портал,кое секако не држи вода.Кога секој би се анализирал и би се погледнал прво себе и при тоа би бил реален,не би се коментирало за секого се и сешто.Секогаш туѓиот начин на живот паѓа во очи а за сопствениот се наоѓа оправдување.

-Вие важевте за стабилен пар и сите ги изненадивте..
Ирена-Знаете што,јас животот не го живеам за да исполнам некој очекувања.Кога сакам сакам со цело срце и душа но кога ќе отсакам тогаш кажувам чесно, до тука било и секој да си продолжи по својот пат.Така и беше во овој случај.Имавме убави 13 години но заврши и тоа е тоа.Мислам дека по четири години малку е непристојно да се отвара оваа тема.


-Според изјавите на Орце ,тој вели дека емотивно многу се вложил и животот го демантирал во однос на неговите очекувња од вас.Очигледно многу ве сакал и после разделбата..
Ирена-И јас се вложив но заврши!Преку некој работи не можев да поминам!Веројатно му беше шок и неверување но јас едноставно неможам да живеам во лаги.Само едната страна кога сака не е доволно да се сочува врската.

-Се зборува дека бившата жена на Орце му простила но тој според неговите изјави се уште вас ве сака?

Ирена-Не сум во тек и не се интересирам за туѓи животи,поготово откако ке дојде крај на врска.Ако сака може да биде со бивша или идна, мене ми е сеедно.Му посакувам се најдобро…но јас сум жена која тешко се заборава,,хаха…

-Кога бевте заедно многумина викаа дека дека сте биле застапени на медиумите заради Орце и на фестивалот Валандово,а пак сега воопшто не сте застапени во неговата емисија.

Ирена-Бев застапена многу помалку од сите ,токму заради озборувањата.И да ме видеа на други телевизии тоа несвесно се поистоветуваше.На Валандово последните години се откажував од наградите за да не дојде до судир на интереси.Некогаш пеев и не по моја волја ,туку фестивалот имаше недостаток од женски вокали и тогаш јас бев Џокерот.Што значи,не е се така како што изгледа…И тогаш а и сега имам штета заради неможност да се оделат приватноста со работата.Јас сум професионалец но сите не размислуваат така…

-Сакате да кажете дека Орце после раделбата ви ставил ембарго на емисијата што тој ја води?

Ирена-Прескокнете го ова прашање бидејки ако зборувам ќе треба порталите наредните 2 години само за тоа да пишуваат..хаха се смее Ирена..Задоволна сум од медиумската застапеност на другите телевизии.

Ирена без грам шминка,вистинска убавица

Со шеикот што се случи?
Ирена-Шеикот остана да пати по мене хахаха..се шегувам малку.Знаете што,порталите можат да нагаѓаат или пишуваат за некој што претежно не сум во љубовна врска.Не сакам да се правдам но и онака ќе знаете онолку колку јас сакам да се знае. Порталите за читаност и онака ке си сплетат своја приказна..

-Дали за нешто во животот се каете што сте го направиле или не сте го направиле?

Ирена-За ништо не се каам,секоја одлука сум ја донела при здрав разум и во моментот тоа ми делувало како разумна и издржана одлука.Единствено можеби што на моменти не сум ја послушала интуицијата за нешто и сум дала шанса иако однапред сум знаела дека грешам.Но сега сум поискусна и сум многу построга во тој поглед.

-Дали сега сте во љубовна врска?Каков маж преферирате?
Ирена-Во моментов не сум во врска,супер ми е,исполнета сум и насочена сум повеќе кон работата и керката.

-Дали да ви веруваме?Вие сте паметна и убава жена и не е за верување дека сте сама,,,сигурно имате многу додворувачи?

Ирена-Па не сум на суд побогу.Ме прашавте и ви одговорив.Точно дека имам додворувачи но успешно ги избегнувам се додека јас не решам на кого да ја дадам мојата љубов и наклоност.
Преферирам вистински маж кој доколку се разделиме да не цимоли по мајки ,татковци,пријатели и портали,бидејки сметам дека приватноста и после разделба треба да се задржи.Сакам вистински и храбар маж со самодоверба и да не е премногу љубоморен.Да ме подржува во работата бидејки јас сум воркохоличар,пеењето,работата е мојот живот.Да умее со жени,да ги почитува моите пријатели и соработници,и да биде доволно интелегентен да не наседнува на женската итрина.Да не е подмолен и ироничен.Да не гледа постојано во телевизорот со пилотот од тв во рака,да не ме фаќа здраво за готово кога сум лута,да умее да ме насмее.Никако да не пробува да ме лаже и манипулира бидејки сум детектор за манипуланти,и ако проба тоа да го направи да биде успешен во тоа,спротивно- ќе падне многу ниско во моите очи.Мене маж може со малку да ме добие и со уште помалку да ме изгуби..Така и се случи ..кој разбра разбра..немам што да додадам повеќе!

-Не ви се чини дека критериумите ви се превисоки?Дали постои ваков маж?

Ирена-Не се високи.Се почитувам доволно и со годините се менуваат и критериумите.Јас можам многу да дадам и истото го барам за возврат,дури и повеќе.Веројатно постои некаде но се уште не сум налетала на него. А до тогаш ќе си уживам во мојата слобода.Јас сум среќна и исполнета жена!