June 8, 2023

kliknime.online

твоето место за забава

Мачор по име Брошa 30 мин се вртел во вклучена машина за перење облека и преживеал.

Сопствениците објасниле дека мачорот Брошa обожава да спие во машината, а со оглед дека е сив, со истата боја како и внатрешноста на машината, не го забележале во текот на вклучувањето.Тие ја пуштиле машината да пере и несреќното маче се вртело во машината 30 минути.

Ова е објавено на Facebook страницата на ветеринарната клиника од Унгарија,во која мачорот бил доведен за спасување. Според зборовите на вработените во клиниката, Брошa бил во машината за перење облека околу 30 минути пред сопствениците да го слушнат неговиот врисок.Кутрото маче било во агонија цели 30 минути и се борело за својот живот, додека голтал од прашокот во кој се перел заедно со алиштата.

Замислете ги шокот и ужасот кога ќе сфатите дека мачорот толку долго бил во машината за перење. Изненадува тоа што веднаш по отворање на машината мачорот истрчал и се обидел да се сокрие. Сопствениците веднаш го фатиле,го исушиле и го одвеле на ветеринар.

Во текот на прегледот мачето имало ниска температура, очите не му биле доволно отворени поради прашокот за перење, а устата силно му мирисала на детергент.

Ветеринарите му одредиле терапија потребна за закрепнување, а откако резултатите му биле уредни мачорот набргу си заминал дома. Сега, повторно е активен, трча, скока по дома и има апетит.

Мачето во ветеринарната клиника
После добиената терапија во бетеринарната амбуланта,мачето повторно е дома и се чувствува добро

Ова не е прв пат да се сретнеме со ваков случај,но Брошa навистина има голема среќа. не за џабе се вели дека мачките имаат 9 животи“, додаваат од ветеринарната клиника.

Слична приказна имаше и во 2020 година во Австралија кога мачка преживеа 12 минути во машина за перење алишта.